СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се изолирани во намерите да не одалечат од ЕУ и НАТО

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот пион, Христијан Мицкоски остануваат изолирани во намерите да ја оддалечат Македонија од ЕУ и НАТО, се вели во соопштение до јавноста од Центарот на комуникации на СДСМ.

Мицкоски и антизападното раководство се поразени од сопствената партија, од мнозинството граѓани, и од пратениците кои гласаа за иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени.

Мнозинството граѓани и мнозинството пратеници одбраа иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ одбраа да останат во темното минато на изолација, криминал и поделби.

Колку и да е неприфатливо за антизападнто раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се помирува, се обединува околу стратешките интереси и незапирливо чекори кон интеграција во ЕУ и НАТО.

 ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.