СДСМ: На дело потврдена изолацијата на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски секојдневно го потврдува она што на граѓаните одамна им беше јасно: дека тој не е ништо повеќе од антимакедонски и антизападен пион во рацете на носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски.

 

Мицкоски, Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ тонат во изолација која се потврдува на дело.

 

На синоќешниот настан организиран од антизападниот Мицкоски не присуствуваше ниту еден претставник на дипломатскиот кор.

 

Високи претставници од демократскиот свет кои доаѓаат во посета на земјава го заобиколуваат Мицкоски.

 

Антимакедонскиот носител на криминалот и режимот, Груевски, заедно со неговиот антизападен пион Мицкоски се поразени од граѓаните, поразени од мнозинството пратеници во Собранието, од сопствената партија.

 

Македонија ги порази погубните политики на Микцоски и Груевски и се обедини околу стратешките интереси и иднина во ЕУ и НАТО.

 

Македонија и нејзините граѓани тргнааа кон иднина и  интеграција во ЕУ и НАТО, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, останува заглавено во изолација.

 

Центар за комуникации на СДСМ 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.