СДСМ: Економијата се поставува на здрави основи и се движи во добар правец

Не постои поголемо лицемерие од она кога антизападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ зборува за економија и расипништво, држејќи прес конференции во луксузниот дворец вреден милиони евра, пишуваат од СДСМ.

По надминување на напластените проблеми предизвикани од криминалните проекти на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, како промашените автопати, реализацијата на капиталните инвестиции и оние во делот на Буџетот и оние во јавните претпријатија, се интензивира.

Завршено е времето на вештачки набилдани бројки и весели математики со коишто менторот на Мицкоски ги лажеше граѓаните додека им ги крадеше парите за остварување на криминални интереси. Сега економијата се поставува на здрави основи.

Забележан е рекорден износ на странски инвестиции во првото полугодие, индустриското производство е во постојан пораст, расте просечната плата.

Со предлог ребалансот на Буџетот се обезебдува финаниска поддршка на општините за решавање на финансиските проблеми и справување со наталожените долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ, а се со цел да се растоварат од проблемите и да започнат со подинамична реализација на зацртаните проекти во интерес на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат, повеќе инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.