СДСМ: Криминалите на Груевски оставија осиромашени и задолжени граѓани

Антизападното раководство предводено од пионот Христијан Мицкоски кој добивал тендери од Владата на Груевски во која токму тој бил советник продолжува со лицемерно однесување кон граѓаните, пишуваат од СДСМ.

Додека Хидро Мицкоски од Владата на Груевски добивал речиси 33 илјади квадратни метри државно земјиште, додека парите од Буџетот се трошеа на споменици, лажен барок и криминални тендери, граѓаните и државата тонеа во долгови и сиромаштија.

Потврда за тоа е официјалниот податок од Државниот завод за статистика којшто покажува дека процентот на сиромаштија за 2017 година изнесува 22.2 отсто, при што како основ за пресметка земени се приходите за 2016 година, кога на власт се уште беше ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од таквиот однос кон граѓаните од страна на носителот на криминалот Груевски, Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и гради систем што трајно извлекува од сиромаштија.

Рекордниот износ на странски инвестиции во првото полугодие, растот на БДП од 3,1 во третиот квартал од 2018 година, растот на платите и зголемениот извоз и индустриско производство, се само дел од економските параметри кои покажуваат дека економијата се движи напред.

Додека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заглавено во криминалните шеми на Груевски по секоја цена се обидува да ја закочи иднината, Владата предводена од СДСМ посветено работи на спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ НА СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.