ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски во „Минка-Енерготек"е косопственик со само 7 отсто, конкурирала за земјиштето кога тој не бил советник

Одродената и криминална власт на СДСМ е исплашена бидејќи граѓаните ги препознаа нивните антидржавни политики и секојдневно се сведоци на општиот грабеж кој го спроведува единствениот аболициран политичар во Европа, пишуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Одродената и криминална власт и треба да биде исплашена бидејќи станува се појасно дека граѓаните единствена заштита на државните и национални интереси гледаат во ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот, Христијан Мицкоски.

Затоа единствениот политичар во Европа кој што е аболициран за криминал ги тера своите послушници упорно да лажат и да се обидат да ги изманипулираат граѓаните дека сите политичари се криминалци и нечесни како што е Зоран Заев.

Тоа е уште едно потценување и понижување на сопствениот народ!

Фирмата „Минка-Енерготек" каде Претседателот, Христијан Мицкоски е косопственик со само 7% од уделот, конкурирала на тендер во 2014 година, кога Христијан Мицкоски не бил советник во владата и од тој факт ни лажговците од СДСМ не може да избегаат.

Портпаролот на СДСМ за сите изречени лаги има пет дена да се извини во соодветен формат во кој што и ги пласираше клеветите против Претседателот, Христијан Мицкоски. Доколку тоа не го стори, истиот ќе се соочи со тужба.

Единствениот аболициран политичар Зоран Заев со ваквите безочни лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на неговите пајташи Вице и Кочо. Почнувајќи од лиценците за одгледување на марихуана, преку милионските тендери за РЕК Битола и купувањето на „Герас Цунев" по цена од една гарсониера се само дел од матните бизниси со кои империјата на Заеви за една ипол година го зголеми својот капитал за десетици милиони евра. Заеви си доделија и концесии за ископ на глина и купишта градежни дозволи. За да не остане покус, Кочо Анѓушев си доби тендери, лиценци и концесии со милионска вредност. Општиот грабеж го гледаат сите, а Зоран Заев се обидува да го сврти вниманието на јавноста со испраќање на некој послушник кој нешто ќе излаже и ќе замине дома.

СДСМ е должен да одговори дали е ова цената на распродажбата на државните и национални интереси? Колку Заеви и Кочо Анѓушев го зголемија својот капитал откако се на власт?

Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си доби држава. Македонија е единствената држава во Европа во која премиер е аболициран криминалец, човек кој целата македонска јавност го виде како бара поткуп, а само партиското судство на СДСМ не успеа да го види очигледниот криминал на Зоран Заев.

Заев нема допирна точка со европските вредности, а од Европа го има само еврото кое го бараше како поткуп од струмички бизнисмен кога беше градоначалник на Струмица, поткуп кој беше евидентиран со видео докази. Мафијашкото работење на Заев како градоначалник сега стана модус операнди на Илинденска бб. откако СДСМ ја превзеде власта во Македонија, а на чело на криминалниот картел дојде Зоран Заев.

Уцени, закани, притисоци сите овие мафијашки методи се употребени за остварување на политичките цели на Зоран Заев. Целта е една и единствена, спас на политичката кариера на Зоран Заев преку распродажба на националните и државните интереси.

Македонија не може да се надева на европска иднина без правната држава која СДСМ ја укина. Граѓаните не може да се надеваат на влез во Европската Унија со руинирано здравство, економија и образование. Со еден збор вратите на Европа се затворени додека Зоран Заев е премиер, а СДСМ е на власт. Ова зло мора да си замине, за да се тргне сивилото кое надвисна над Македонија денот кога Зоран Заев стана премиер.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.