Груевски се уште не пристигна во Шутка

Новинарски екипи од речиси сите македонски медиуми вечерва пред затворот во Шутка се во исчекување на поранешниот премир Никола Груевски откако попладнево Кривичниот совет ја одби неговата последна жалба.

 

Нема официјални информации дали одлуката е испратена до Груевски, но неофицијално, досега се направени два обида, а вечерва ќе се направи и трет.

 

Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.

 

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк".

 

Собранието на Република Македонија денеска не му го одзема пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.