„Мagyar idok“: Груевски доби азил во Унгарија

Канцеларијата за имиграција и бегалци на Унгарија му одобри азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, објави попладнево провладиниот унгарски весник „Мagyar idok“, повикувајќи се на извори во Канцеларијата и во Владата.

 

Канцеларијата за имиграција и бегалци заклучила дека ако Груевски биде вратен во Македонија, ќе биде предмет на прогон поради неговото полтичко минато и изнесените обвинувања против него.

 

Како што наведува „Мagyar idok“, Канцеларијата за имиграција и бегалци ја донела одлуката по детално разгледување на барањето и поднесената документација од Груевски.

 

Засега нема официјална потврда, ниту од унгарските, ниту од македонските власти, дека на Груевски му е одобрен азил.

 

Македонското Министерство за правда попладнево соопшти дека го испратила барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија во Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.