Идната година 1,9 милиони евра поддршка за шумарството

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска од Берово најави поголема поддршка за секторот шумарство во 2019 година. Како што истакна, преку ИПА програмата се обезбедени 19 милиони евра за целиот сектор земјоделство, а за шумарство се предвидени 1,9 милиони евра.

 

-Средствата ќе бидат наменети за воспоставување шумарски информативен систем, што е важно за одржливо стопанисување со шумите и креирање политики за приклучување на македонското шумарството кон современите текови и обезбедување податоци за развој на овој сектор. Без разлика дали шумите се во приватна или државна сопственост, наша задача како Министерство ќе биде да креираме мерки и политики кои ќе дадат позитивни резултати во насока на заштита и зголемување на одржливото управување со шумскиот фонд, рече Николовски.

 

Министерот кој присуствуваше на третиот фестивал на шумите „Форест фест“, упати честитки по повод два јубилеја – 20 години од постоењето на Националното здружение на сопственици на приватни шуми и 10 години од ЈП „Македонски шуми“.

 

Како дел од тригодишната соработка со ФАО, Николовски од Берово најави и реформи во шумарството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.