Уличното осветлување во Куманово ќе се менаџира преку јавно-приватно партнерство

Куманово преку јавно – приватно партнерство ќе го уредува јавното осветлување. Советниците ја разгледаа и усовија физибилити студијата за оправданост од воспоставување на јавно приватно партнерство за јавно осветлување и донесоа одлука за отпочнување на постапка за доделување договор за воспоставување на партнерство во овој сегмент.

 

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека во изминативе година дена најмалку 1.000 граѓани се пожалиле на уличното осветлување. Според него, ова е сериозен комунален проблем кој укажува на незадоволство на граѓаните кои плаќаат комуналии. Тој вели дека често се случува во населбите и на влезот на градот да нема осветлување и дека општината одвојува значителни средства за одржување на дотраеното осветлување.

 

-Јавно приватното партнерство ќе го подобри квалитетот на уличното осветлување. Куманово во просек губи од еден до 1,4 милиони денари на месечно ниво. Се согласувам дека Куманово треба да има сопствен екипа, техника за одржување на осветлувањето, но ги нема. Јавното претпријатие кое е задолжено за осветлувањето е заглавено во финансиски проблеми, не може во целост да го менаџира целокупниот систем, вели Димитриевски.

 

Тој додава дека ва е алтернативен начин со кој граѓаните ќе добијаат модерно осветлување и потенцира дека примерот со јавни приватни партнерства успешно функционира во некои општини од Македонија. Досега, информираше Димитриевски го посетиле четири правни субјекти од различни држави за оваа дејност.

 

-Ќе спроведеме транспарентна постапка, со тоа што концесионерот би давал дел од средствата од заштедата на општината, вели Димитриевски.

 

Советниците од опозицијата и власта имаа бројни прашања до изготвувачот на студијата. Од опозицијата, бараа да не се избрзува со носење на вакви одлуки. Советникот од ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски, рече дека е битно и граѓаните да ја разгледаат студијата, и постапката, додавајќи дека проблемот не е вчерашен и нагласи дека никој не е против јавно-приватно партнерство.

 

Според Димитриевски, јавното приватно партнерство ќе почне да се применува и во други претријатија, бидејќи според него на овој начин се намалува расходната страна на општинскиот буџет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.