Промоција на книгата „Поглед кон внатре“ од Стево Пендаровски

Во кино „Култура“ денеска ќе биде промовирана книгата „Поглед кон внатре“ од проф. д-р Стево Пендаровски.

 

Книгата содржи 127 текстови, објавувани во две печатени изданија, дневниот весник „Дневник“ и неделникот „Граѓански“, во периодот 2009-2013 година.

 

Промотори се Луан Старова, Александар Поповски и Иван Додовски.

 

-Многупати помислував да ги испечатам текстовите како едно лично сведоштво за тоа време, но постојано се убедував дека во ерата на информатичката револуција и социјалните мрежи, најголемиот дел од моите согледувања се сигурно прегазени од динамиката на меѓународната политика, а особено од настаните внатре, кај нас, кои се без преседан во нашиот пост-комунизам. Одлуката, сепак, да ја објавам оваа книга беше двојно мотивирана: прво, во споменатите години бев дел од иницијалното јадро на опозиционото движење, кое започна да го оспорува авторитарниот режим во настанување, и второ, како потсетник за генерациите што доаѓаат дека општествените феномени и девијации за кои пишувам (се разбира, не само јас), сѐ уште никаде во светот не се дефинитивно разрешени и архивирани, вели Пендаровски во предговорот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.