Со задолжителната кастрација на домашните кучиња не се сложуваат кинолошките друштва

Кинолошките одгледувачи во Македонија велат дека не се сочласуваат со новото законско решение за заштита и благосотојба на животните, бидејќи како што велат тие донесено е без да се согледаат последиците.

 

Кинолошките одгледувачи велат дека  приватно право на секој сопственик е дали ќе го кастрира своето домашно милениче или не. Најконтраверзно според нив е тврдењето дека со кастрацијата ќе се намали бројот на улични кучиња, кои се резултат на неодговорно сопствеништво.   

 

Со новиот закон ќе се уништат сите автохтони раси на кучиња, велат кинолозите. На Шарпланинецот како светски призната раса и овчарското куче Караман – како национална раса, со овој закон им прети истребување.  

 

Реакцијата доаѓа откако по предлог од група пратеници, во собраниска поцедура влезе новиот предлог закон со кој се предвидува задолжителна кастрација на домашните миленици-кучиња. Според новото законско решение сите сопственици на кучиња кога тие се во репродуктивен период се должни да ги кастрираат или ојаловат во ветеринарни амбуланти, освен сопствениците на кучиња кои имаат регистрирано одгледувачници.

 

За лицата кои нема да ги кастрираат своите миленици, следува казна од 100 евра.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.