Во ОУ „Васил Главинов“ се подобруваат условите за престој на учениците со ограничена мобилност

Во основното училиште „Васил Главинов“ во Велес привршуваат работите околу адаптацијата на два тоалета за учениците со ограничена мобилност. Тоалетите се наоѓаат на првиот и вториот кат во десното крило на училишната зграда и се комплетно функционални и приспособени кон потребите на оваа група ученици.

 

Од општина Велес информираат дека во училиштето се заменети и 15 дрвени врати со што се обезбедува полесна пристапност за учениците со ограничена мобилност, како и за сите останати ученици, за што се одвоени 470 илјади денари.

 

Во училиштето учат 15 ученици со церебрална парализа, аутизам, забавен психомоторен развој, аутизам, интелектуална попреченост, оштетен вид и други попречености.

 

– Општина Велес како инклузивна општина и понатаму ќе продолжи да работи во насока на подобрувањето на условите за овие ученици, со што значително ќе се олесни пристапот кон образованието, како и да се подобри квалитетот на живеење на оваа ранлива група на граѓани, потенцираат од Општина Велес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.