Грчкиот парламент го одложи гласањето за Преспанскиот договор

Парламентот во Атина денеска попладне го одложи гласањето за договорот со Македонија.

 

Последната информација е дека премиерот Алексис Ципрас обезбедил мнозинство и документот се очекува да биде усвоен утре.

 

Одложувањето е за да се слушнат многуте пратеници кои сакаат да зборуваат за време на дебатата.


Доцна синоќа, непознати лица фрлиле три бомби во куќата на пратеникот на Сириза, Теодора Цакри. Во инцидентот немало повредени, била предизвикана само материјална штета.

 

Парламентот го осуди нападот и го опиша како "провокација против Преспанскиот договор".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.