ЕУ повтори дека го поддржува Преспанскиот Договор

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, повтори дека ЕУ го поддржува Договорот од Преспа и дека ќе реагира штом биде усвоен, или не, во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА во Брисел.

 

-Одблиску го следиме процесот на овој многу важен договор и конзистентно сме реагирале на секој чекор. Очекуваме штом ќе заврши дискусијата во грчкиот Парламент да има реакција од ЕУ, рече портпаролката.

 

Вчера новинарите дописници во Брисел бараа одговори од Европската Комисија зошто не е опоменат комесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос за неговите изјави против Преспанскиот Договор, со оглед на тоа дека ЕУ силно се вложи во овој договор.

 

-ЕУ го поддржува овој историски договор потпишан од Заев и Ципрас под водство на ОН, и ова и понатаму останува случај, рече Коцијанчич.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.