ЕУ: Атина и Скопје испишаа нова страница на нашата заедничка ЕУ иднина

Јункер, Могерини и Хан во заедничко соопштение го поздравија усвојувањето на Преспанскиот Договор во Грција.

 

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан “топло го поздравија“ новиот чекор во усвојувањето на Преспанскиот Договор, со кој земјата станува Северна Македонија.

 

-Од самиот почеток ЕУ силно го поддржа историскиот договор потпишан од Премиерите Ципрас и Заев под водство на ОН. Потребна беше политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се надмине еден од најтешките спорови во регионот. Двете земји ја искористија оваа уникатна прилика која дава пример за помирување во цела Европа и ќе донесе дополнителен поттик за европската перспектива на регионот, вели соопштението.

 

Хан, Могерини и Јункер истакнаа дека ги чекаат следните процедурални чекори во спроведувањето на договорот.

 

-Но веќе можеме да кажеме со сигурност дека денеска Атина и Скопје, заедно, испишаа нова страница во нашата заедничка ЕУ иднина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.