Влада на РМ: Честитки за граѓаните на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи ратификуваниот Договор од Преспа
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 25 Јануари 2019
Владата на Република Македонија силно ја поздравува одлуката на Парламентот на Република Грција да го ратификува историскиот Договор од Преспа, со кој се става крај на тридецениски спор кој го попречуваше развојот во регионот.
Владата, како што соопшти нејзината прес-служба, им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи овој Договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата.
Преку изнаоѓањето на македонско – грчкото решение, Балканот, Европа и светот добија нов модел за градење пријателства и соработки меѓу народите и државите. Владата им благодари на сите граѓански, политички и други чинители кои го поддржаа Договорот и кои им дадоа ветер во грб на историските решенија вградени во него, стои во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс