СДСМ: Со ратификацијата на Договорот од Преспа се отстрани и последната пречка за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО

Со ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот во Грција се реши 27 годишниот спор што ја влечеше државата надолу и го спречуваше развојот на регионот.

 

Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

 

Спорот е решен во интерес на државата, граѓаните, националните и државни интереси. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност се обезбедени и зајакнати, еднаш засекогаш признаени од целиот свет, идината на Македонија во ЕУ и НАТО е извесна.

 

Македонија станува 30 земја членка на НАТО алијансата, а следува и започнување на преговорите за членство во ЕУ.

 

Тоа значи поголема безбедност и сигурност, трајна заштита на границите, но и пристап до поголем  пазар, нови инвестиции и работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.

 

Договорот од Преспа е пример за решавање на децениски спор во интерес на двете страни и е модел за решавање на идни билатерални проблеми во регионот и светот.

 

СДСМ им честита на граѓаните на двете земји за постигнатиот историски договор и им се заблагодарува на сите политички, граѓански и општествени чинители кои го поддржаа Договорот што обезбедува развој, мир и просперитет на целиот регион.

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.