Јанакиевски и Ристовски претепани во затворот Шутка!

Миле Јанакиески и Спире Ристовски денеска биле физички нападнати во затворот Шутка.

 

Според извори од затворот Шутка и од Основниот суд Скопје 1 тие биле нападнати од притвореник од случајот Диво Насеље, кој во исто време бил во дворот на затворот.

 

Нападот се случил надвор, за време на редовната прошетка од 1 час што ја имаат притворените. Кривичниот суд најави опфицијални информации за подоцна во денов, за евентуалните повреди од нападот на Јанакиевски и Ристовски.

 

Горе споменатите лица заедно со Никола Бошкоски, Никола Груевски и Трајко Вељаноски, обвинителката Вилма Рускоска побара мерка притвор во рамки на истрагата за организаторите и нарачателите на нападот на Собранието на 27 април 2017.

 

Последниот од оваа листа, Трајко Вељаноски поради пратеничкиот имунитет за сега е ослободен од вчерашното приведување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.