СДСМ: Во директен пренос Мицкоски лажеше дека поднеле амандмани во хартиена форма

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нова лага. На вчерашниот тв дуел, Мицкоски во директен телевизиски пренос лажеше пред граѓаните дека неговата ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани за Законот за јавно обвинителство.

 

Мицкоски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда во хартиена форма поднела амандмани за Законот. Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека поднеле амандмани преку меил во 16:19.

 

Што се однесува до амандманите поднесени електронски преку меил, истите стигнале во 20:19, откако беше откриено дека Мицкоски лаже за амандманите.

 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски многу добро знаат како се одвива процедурата за поднесување амандмани и затоа јасно е дека ова е уште еден нивен јалов обид за манипулирање.

 

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени единствено на лажни вести што станува нивен единствен начин на делување.

 

Центар за комуникации со јавност 

Социјалдемократски сојуз на Македонија

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.