Пендаровски: Носиме подобар живот и европска иднина за сите

Заедничкиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, попладнево оствари средби со граѓаните на Илинден, Зелениково и Петровец, при што порача дека ќе побадат на претстојните претседателски избори, бидејќи носат подобар живот и европска иднина за сите.

 

– Тоа што го постигнавме како Влада и ги отворивме вратите кон Европската унија и НАТО има историски огромна важност бидејќи само по тој пат можеме да ја зајакнеме економијата, да продолжиме да ги покачуваме платите, да бидеме стимул младите да останат дома и тука да градат иднина, истакна Пендаровски.

 

Наведе дека по подолг период, државата се приклучила кон развиениот свет и сега треба да се продолжи уште попосветено напред.

 

– НАТО ни даде покана за членство, со ова е обезбедена нашата сегашност и иднина. Дваесетидевет најмоќни земји сега се со нас, не сме сами. Не се поставува прашањето дали ќе не биде. Република Северна Македонија сега е своја на своето. Затоа, да ја искористиме шансата и да продолжиме напред, истакна претседателскиот кандидат.

 

Потенцираше дека ова е избор помеѓу два концепти, едниот, кој води напред во подобра иднина и вториот, предводен од Силјановска, кој ја враќа државата назад во минатото.

 

– На другата опција која нема план и визија, да им кажеме дека не сакаме повторно враќање во темното минато, заклучи Пендаровски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.