Пендаровски од Струмица: Во 2014 бевме морални победници на изборите, а сега ќе бидеме вистински победници

Во 2014 година бевме со број 3 на гласачкото ливче, кога бевме морални победници на изборите. Сега пак сме со бројот 3, кога ќе бидеме вистински, реални победници во интерес на сите вас, во интерес на нашата заедничка татковина, порача вечерва од митингот во Струмица кандидатот за претседател, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата.

 

Додаде дека за него и за коалицијата која го подддржува е битно државата да оди напред, а на како некои да ги наполнат куферите и да избегат во белиот свет со народни пари.

 

-После 30 години да кажат дека сме работеле за државата, а на за сопствениот паричник. Такви сме, такви ќе бидеме и сакаме по тоа да не памтите, по цена да ги изгубиме сите следни избори ние мораме да останеме луѓе и да се бориме за доброто на народот и државата, а не само за доброто на фамилијата, за доброто на членовите на мојата политичка партија или само за мојот град, дададе Пендаровски.

 

Повика на масовна излезност и притоа рече дека на 21 април нема да биде завршена целата работа и ќе треба да се излезе и на 5 мај.

 

– Ги замолувам граѓаните да не спијат на едно уво слушајќи ги коментарите дека со ваков противник и со ваква погубна политика, која е по лошо позната меѓу македонските граѓани, ќе поминат лесно, туку максимално масовно да се излезе на гласање и во првиот и во вториот круг за да не се разбудиме да ни се врати Груевски и да се вратиме во времето кога не знаевме ништо друго освен за политички прогон и изолација, рече Пендаровски.

 

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев рече дека одговорот на прашањето кој за каде е оти сите се за ЕУ и НАТО, на чело со, како што потенцира, новиот претседател Стево Пендаровски.

 

Во своето обраќање тој се осврна и на нападите од кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека позитивни личности од Струмица биле само претседателот Борис Трајковски и фудбалерот Горан Пандев, а Заев бил негативниот.

 

-Од толку многу споменици во Скопје 2014 изградени од партијата што неа ја кандидира за претседател, не најде место за ниеден споменик на Борис Трајковски. И додека поважен им беше Прометеј со гаќи или без, многу порано оттогаш Зоран Заев со струмичани заедно подигна споменик на Трајковски, една година откога го изгубивме претседателот. На Горан Пандев на овој најголем плоштад во државата му поставивме ѕвезда затоа што заслужува, оти тој е нашата гордост, рече лидерот на владечката партија Зоран Заев.

 

За кандидатот за претседател Стево Пендаровски рече дека ќе биде лицето на нашата држава во странство, затоа што, според него, тој има интегритет, способност и визија за иднината.

 

-Ќе ги зацврсти позициите на државата. Имаме претседател, кој е создаден да биде претседател на нашата татковина, додаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

На митингот вечерва говореше и познатиот поранешен одбојкар и сега тренер од Струмица, Кире Ричлиев. Тој рече дека целосно го поддржува патот на нашата земја, кон НАТО и ЕУ интеграциите, бидејќи тој пат, како што потенцира, е трасиран со многу напори, одрекувања и пред се визија нашата земја да биде безбедна и интегрирана во современите одбранбени, економски и напредни демократии.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.