Во Мавровско-реканскиот крај излезноста е 11, а во Врапчиште 5 проценти

Во гостиварските општини до 13 часот, на гласање излегле 8.971 од запишаните избирачи. Најголем одѕив има во Мавровско-реканскиот крај, а најнизок е во полошко.

 

Излезноста за вториот круг во Општина Гостивар до 13 часот била 8,183 отсто, односно гласале 6.498 граѓани.

 

Во Маврово Ростуше на гласање излегле 11 отсто, односно 906 граѓани. Во Општина Врапчиште излезноста до 13 часот е 6,12 отсто (1.567 гласачи).

 

Изборниот процес до сега, се одвива без инциденти и нарушувања. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.