Во Охрид до 17 часот гласале 46,7 отсто од граѓаните, излезноста во Дебрца 48 проценти

Од запишаните 52.273 односно 52.193 граѓани на Охрид со право на глас, до 17 часот на гласање излегле 34.375 граѓани или 46,7 отсто, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски.

 

Според ОИК, изборниот процес во Охрид се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера, а до Комисијата досега не се пристигнати информации за изборни нерегуларности.

 

Во соседната Општина Дебрца исто тка изборниот процес се одвива непречено без пријавени нерегуларности, а до 17 часот гласале 2.122 лица или 48 отсто од граѓаните со право на глас.

 

Во Дебрца се гласа на 28 избирачки места за претседател на државата додека во Охрид се гласа на 88 избирачки места, како на претседателските така и на предвремените избори за нов градоначалник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.