Пендаровски-Гаши: Конструктивен политички дијалог за реализација на реформската агенда

Потребата од конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Република Северна Македонија, во функција на реализација на реформската агенда, а со цел напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции, било во фокусот на средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши.

 

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, укажа дека сите политички субјекти треба да дадат свој придонес во периодот кога Република Северна Македонија очекува одлука за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

 

Претседателот на Алтернатива, Гаши упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, стои во соопштението на претседателскиот Кабинет.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.