Македонија денеска го празнува 24- мај, денот на сесловенските просветители

На 11 мај 1860 година според јулијанскиот календар или 24 мај 1860 година според грегоријанскиот, Македонија за прв пат го одбележува Денот на сесловенските просветители и учители Св. Кирил и Методиј. Од тогаш, па се до денес солунските браќа на овој ден го добиваат заслуженото признание за нивната улога во формирањето на македонската литература.

 

Браќата Кирил и Методиј се најмладиот и најстариот син на Лав и Марија, инаку богато византиско семејство кое живеело во Солун. Растејќи во побожно семејство Кирил и Методиј од најмали години биле учени да ги следат начелата на христијанството.


Како високо образовани, браќата Кирил и Методиј биле ценети во византискиот двор од каде добивале одговорни задачи како на пример познатата Моравска мисија која имала за цел ширење на христијанството кај народите во Византија и наметнување на византиската црковна власт.


Кога хазарскиот цар Каган побарал од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот, Кирил и Методиј биле испратени меѓу Хазарите. Откако го увериле Каган во верата Христова, тие го крстиле овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време солунските браќа во Цариград, ја напишале словенската азбука од триесет и осум букви и на тој начин започнале да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.


По смртта на Кирил на 14 февруари 869 година и Методиј на 5 април 885 година, мисијата за ширење на христијанството и словенската писменост ја продолжуваат нивните ученици на чело со Климент и Наум Охридски.


24 мај- Денот на солунските браќа Кирил и Медориј го празнува целиот Словенски народ. Во 1880 година папата Лав 13 ја вовел нивната слава во календарт на Римокатоличката црква, а во 1980 година словенските просветители Св. Кирил и Методиј од страна на Јован Павле Втори биле прогласени за копатрони на Европа.


Република Маедонија денеска 24 мај го одбележува Денот на словенските просветители, Св. Кирил и Методиј, по тој повод се одбележуваат низа свечености а денешниот ден е прогласен за неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.