Одобрена реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов"

Владата на Република Северна Македонија на денешната 139 седница донесе одлука со која го задолжи Министерството за образование и наука да спроведе постапка за реконструкција на Студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов" во Скопје, во најкраток можен рок.

 

Реконструкцијата, во владиното соопштение, се образложува со прифатената информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов" во Скопје, при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.