УХРМ: Повеќе места во државата попладнето беа зафатени од невреме со пороен дожд и град

Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невреме со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Град имаше во светиниколското, кратковското, скопското, валандовското, велешкото и кавадаречкото подрачје.

 

Управата за хидрометеоролошки работи најавува и во вечерните часови наместа нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преку ноќта се очекува стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.

 

Утре претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека попладне на повеќе места повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време со температура од 17 до 31 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.