Дали на Земјата постоела друга цивилизација?

Земја

Пред 56 милиони години температурата на Земјата толку пораснала што дошло до отцепување на половите. Професорот Адам Френк од универзитет во Рочестер, се запраша дали е возможно тоа да се случило како последица на дејствија на некоја напредна цивилизација, која ја населувала Земјата пред човекот.

 

„Обично кога зборуваме за изумрени цивилизација често помислуваме на кипови или рушевини од старите градови. И тоа е во ред додека размислуваме на скала од неколку илјади години, но ако тоа го гледаме на период од пред неколку милиони години, работите се малку покомплицирани. Човекот се развиваше во ера која ја опфаќаат последните 2,6 милиони години. Секоја цивилизација која постоела пред тоа не може да биде човечка“, пишува професорот Френк за „The Atlantic“.

 

Во своето истражување тој тргнува од претпоставката дека е возможно пред 60 милиони години да постоела цивилизација чиј индустриски период траел околу 100.000 години (што е 500 пати подолго во однос на нашиот индустриски период) и размислува за тоа какви траги нашата цивилизација би им оставила на научниците после 100 милиони години во иднина.


Тој заклучува дека траги би се барале во слоеви на почвата каде, на пример, би се таложел азот од вештачко ѓубре, пластика, траги на согорување во атмосферата и слично.


Сепак, според претходни истражувања, научниците заклучија дека нема слични докази кои би упатувале на тоа дека Земјата пред луѓето ја населувала некоја друга цивилизација, но според тврдењата на професорот Френк добивме интересни информации околу тоа како која било друга цивилизација можела да има влијание на планетата.


При изградба на цивилизација се трошат ресурси од планетата и потребно е да се побараат нови извори на енергија. Обновливите извори на енергија оставаат помало влијание на планетата, тврди професорот Френк.


Неговото истражување ја отвори можноста за постоење на цивилизации на другите планети во минатото, кои во меѓувреме исчезнале.


„Ако цивилизацијата користи фосилни горива, климата се менува, а тоа може да доведе до опаѓање на нивото на кислород во океаните. Така ниското ниво на кислород предизвикува услови за развој на нови фосилни горива. На овој начин пропаѓањето на една цивилизација може да постави темели за развој на друга“, заклучува тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.