All for Joomla All for Webmasters

Април потопол за пет степени од просекот, со мал број дождливи денови

Април потопол од просекот

Значително повисоки температури, за дури четири до пет степени, годинава имаше во април. Највисока темепратура е измерена во Гевгелија 31,5 и Демир Капија 30,9 степени на 24-ти минатиот месец.


- Споредено со многугодишните просечни вредности за април за период 1981-2010, температурите во април 2018 се значително повисоки, за четири до пет степени. Среднодневните температури беа повисоки во првата декада за два до три степени, а во втората и третата за дури пет до шест степени, информираат од УХМР.


Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија и Демир Капија од 17,7 степени, а најниска во Лазарополе 10.5 степени. Во Скопје се измерени 17,2 степени, во Штип и Струмица 17,1 степени, во Битола и Прилеп 15,6 степени, во Охрид 14,5 степени, во Крива Паланка 14 степени, во Берово 12,1 степени и во Маврово 10,6 степени.


Особено средните максимални вредности на температурата на воздухот биле повисоки од вообичаено за повеќе од шест степени, а средните минимални температури за повеќе од два степена.


На сите мерни места апсолутните минимални температури биле позитивни, освен во Берово, Маврово и Лазарополе, каде во почетокот на месецот (2 и 3 април) се измерени до -2,2 степени.


Кон крајот на месецот се забележани особено високи вредности температурата на воздухот, така до апсолутната максимална температура во Републиката достигнала вредности над триесетиот степен  - во Гевгелија 31,5 степени и Демир Капија 30.9 степени.


Април 2018 се карактеризира како исклучително топол месец со незначителни количества на врнежи. Регистрирани се мал број денови со врнежи со мало количество месечна сума на врнежи.


Најголемо количество врнежи е измерено во Лазарополе 36 мм, а најмало во Гевгелија шест мм. Во Маврово се измерени 32 мм, во Крива Паланка 31 мм, во Битола 27 мм, во Демир Капија 21 мм, во Берово 20 мм, во Штип 19 мм, во Прилеп 17 мм, во Охрид и Скопје 15 мм и во Струмица 9 мм.


Споредено со многугодишните просечни вредности, измерените месечни суми на врнежи на сите мерни места биле под просекот и тоа за 50 до 90 проценти пониски од просечните вредности.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |