Пластичните ќеси сериозно влијаат на здравјето на луѓето

Пластичните ќеси штетни за здравјето

За производство на пластични ќеси се потребни 5 секунди, за користење 5 минути, а за нивно разградување од 500 до 1000 години. Овој податок сериозно треба да ве стави на мисла колку пластичните ќеси што секојдневно ги користиме можат штетно да влијаат врз здравјето на луѓето затоа што штетните состојки од пластиката трајно ги уништуваат природните ресурси и остануваат во храната која ја јадеме, водата, воздухот.

 

Пластичните ќеси се втор најзастапен одпад во животната средина после отпушоците од цигари. Само во Македонија се употребуваат околу половина милијарда пластични ќеси годишно. Таквиот одпад тешко се управува, најчество завршува насекаде околу нас.


Памалку пластични ќеси значи почиста животна средина, поздрави земјоделски производи, подобро здравје за секој од нас. Штетните состојки од пластичната ќеси трајно ги уништуваат природните ресурси и остануваат во храната која ја јадеме, водата, воздухот. Секој граѓанин може да тргне од сопствените навики. Речиси секогаш кога ќе купите нешто во продавница, ќе добиете најлонска ќеса.


По навика не размислувате за тоа какви штети со тоа се прават. Светската потрошувачка на најлонски ќеси годишно достигнува меѓу 500 милиони и милијарда парчиња. Меѓу земјите во кои е забрането нивното производство се Кина, Јужна Африка, Тајван, Бангладеш, Бутан, Израел и Руанда. Македонија беше меѓу првите земји во Европа која ги забрани најлонските ќеси за употреба во трговијата.


Најлонските ќеси, кои се даваат во продавниците , а кои порано и во Македонија беа бесплатни, се најголемиот загадувач на животната средина. Иако, во Македонија беше донесена Наредба, од 1 јануари 2009 година, за забрана на употреба на ќеси изработени од најлонски маси во продавници, деловни простории и пазари каде што се врши трговија на мало, многу ретко се почитува. Забраната се однесува само на најлонските ќеси со капацитет помал од пет килограми. Оние поголемите можат да се употребуваат, а купувачите да ги плаќаат.


Поголемите маркети воведоа биоразградливи ќеси кои дел од маркетите не ги наплатуваат, а во дел се продаваат по два денари, додека пак во помалите продавници се уште се користат пластичните кеси и тоа се наплатуваат по денар или два. За штетите од употребата на најлонските ќеси сведочат многу научни трудови. Тие јасно кажуваат дека ова е сериозен проблем за животната средина. Според Слаѓана Стамекова од Здружението Екозвон, забраната треба да биде целокупна затоа што за производство се потребни 5 секунди, за користење 5 минути, а за нивно разградување од 500 до 1000 години. Таа за 1-ва скопска изјави дека во наредниот период здружението планира да спроведува едукативни настани во училиштата и градиките за штетното влијание на пластиката врз животната средина.


Најлонските ќеси, како и пластиката, се разградуваат полека и се распаѓаат на микроскопски отровни супстанци кои се нарекуваат полимери, а кои ги загадуваат почвата и водата и преку нив влегуваат во процесите на производство на храна.


Рециклирањето на најлонските ќеси е премногу скапо во споредба со цената на суровините од кои се направени, со што штетите од нивното користење постојано се зголемуваат.


Денес како никој да не се сеќава на наредбата. Најлонските ќеси се наше секојдневие, но штетното влијание од нив не треба да го заборавиме и секој поединец треба да се запраша пред да фрли пластична ќеса во природата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.