All for Joomla All for Webmasters

Хуманитарна аукција за подарок плус за матурантите од СОС Детско село

,,Креатори на насмевки,,

Во рамки на кампањата ,,Креатори на насмевки,, во Џус бар Диван во Капитол мол се одржа хуманитарна аукција со која што им се излегува во пресрет на матуантите од СОС Детско село кои ќе имаат можност да се облечат во продавниците на Капитол Мол.


На хуманитарната аукција беа понудени на јавноста чанти кои се донација од Карписа, а во соработка со Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитетот истите беа специјално дизајнирани од страна на студентите, надградувајќи ги со својата уникатна креативност.

 

Целта на акуцијата во рамки на кампањата ,,Креатори на насмевки,, е да се мотивираат младите дизајнери и да им се обезбеди најубавата матурска вечер на матурантите од СОС Детско село.


Сите средства кои се собрани од продажбата на чантите на хуманитарната аукција ќе бидат доделени на матурантите од СОС Детско село во вид на ваучери кои потоа тие ќе ги искористат во продавниците на Капитол Мол.

 

Организаторите велат дека со оваа оваа хуманитарна аукција, кампањата ,,Креатори на насмевки,, ја исполни целта која беше поставена на самиот почеток, а тоа е среќни матуранти, студенти и посетители мотивирани да им помагаат на децата од СОС Детско село.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.