All for Joomla All for Webmasters

Нов изложбено-продажен салон на Електрометал во Тафталиџе

Електрометал

Над 30.000 производи за широка потрошувачка се изложени во новиот изложбено-продажен салон на Електрометал кој се отвори во Тафталиџе на ул. Московска. Со новиот салон за прв пат во Македонија се носи и нов концепт кој ги доближува производите до сите, а ќе има и мини градина со едукација за хортикултурно уредување.

 

Нов изложбено-продажен салон на компанијата Електрометал се отвори на ул. Московска бр.6А во Тафталиџе со цел да им се овозможи поголемо задоволство и купувачко искуство според највисоките стандарди на граѓаните. Ова е новиот концепт на работа на компанијата која две децении поставува високи стандарди во повеќе индустриски гранки и се имплементира на свој начин во економските структури на Република Македонија и пошироко. Електрометал е водечка компанија во набавката на електроматеријали, лидер во големопродажбата, трговец со најширока палета на производи на ова поле кај нас и пошироко, но и производи за широка потрошувачка. Во новиот продажен салон кој се простира на 2000 м2 изложени се преку 30.000 производи и отворени се нови 30 работни места.


За успехот на компанијата која нуди широк асортиман по најпристапни цени клучно е домаќинското работење и добриот тим кој менаџира со компанијата. Со новиот салон за прв пат во Македонија се носи и нов концепт кој ги доближува производите до сите, а ќе има и мини градина со едукација за хортикултурно уредување.


Миќа Стефановиќ, од компанијата Роберт Бош, претставништво за Србија, Црна Гора и Македонија рече дека даваат голема поддршка во новиот објект со кој треба да се гордеат скопјани.


Електричните материјали во минатото биле најпродавани, но компанијата се шири во делот на широката потрошувачка и во овој период најактуелни ќе бидат косилките, базените и климите.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.