All for Joomla All for Webmasters

Нови горива на бензинските на Макпетрол

Макпетрол

ULTRA Diesel Green Power и ULTRA Diesel Bio Power се новите горива кои ги промовираше компанијата Макпетрол. Со употреба на новите дизел горива се постигнува зголемена ефикасност, моќност, заштита на моторот и заштита на животната средина.

 

Макпетрол е единствената компанија во Македонија која на своите потрошувачи им нуди можност да користат дизел горива според стандардизацијата на ЕУ. За таа цел денеска беа презентирани две нови горива Ултра, и тоа ULTRA Diesel Green Power и ULTRA Diesel Bio Power. Горивото ULTRA Diesel Green Powerе надградба на досегашното ULTRA Diesel Green Jet, со нови најсовремени адитиви кои обезбедуваат многу поефикасно согорување што значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови. Додека пак горивото ULTRA Diesel Bio Powerе предводниик во поглед на заштитата на животната средина. Ова гориво содржи 6% дизел гориво со висококвалитетно растително масло додека останатите 94% ги сочинува кристално чистото ULTRA Diesel Green Power гориво.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.