Почина писателката Олга Арбулјевска

По кратко боледување, ноќеска на 68-годишна возраст почина македонската писателка Олга Арбулјевска.
 
 
Арбулјевска беше новинарка, поетеса, есеистка, преведувачка, и сликарка. Родена во Ниш, во 1949, детството го минала во Берово и Скопје. Уште од училишна возраст пишувала поезија и драмски едночинки, изведувани на сцена. Автор е на четири поетски збирки: Канурки (1972), Икителија (1981), Светкамен (1991) и Животница (2006), како и на книгата есеи Ветрот на промените (1992). Во Историјата на македонската книжевност (1990) од М. Друговац, нејзината поезија е опишана како „игра, со мера и такт, меѓу архаичниот идиом и модерниот вербален знак“.
 
 
Имаше дипломирано филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работеше како новинар во весниците Борба и Нова Македонија, и беше уредник за култура во националната телевизија Телма. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1973 година и на Македонскиот ПЕН центар од 1974 година.
 
 
Арбулјевска имаше преведено и неколку книги на македонски јазик, меѓу кои е Градина, пепел од Данило Киш.
 
 
Погребот ќе биде извршен во недела, 8. јули, во 12 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.