Климатските промени се забрзани и водат кон временски екстреми

Климатските промени се забрзани и водат кон временски екстреми како поплави, големи суши, топлотни бранови, интензивни врнежи и бури, кои ќе стануваат вообичаени, покажуваат најновите податоци објавени од Светската метеоролошка организација.

 

Ваквите појави се очекува да имаат поголеми социоекономски и развојни последици на целата планета.

 

И во Македонија средната годишна температура на воздухот во последните 20 години била постојано во пораст, додека во однос на режимот на врнежи постои генерален тренд на опаѓање на количеството на врнежи.

 

Според резултатите добиени од користење на неколку климатски модели со различни сценарија на климатска чувствителност, добиени се проекции за промената на климата во Македонија. Резултатите предвидуваат веројатност за понатамошно зголемување на температурата во периодот од 2025 до 2100 година, намалување на врнежите во текот на сите годишни времиња, со најголем дефицит во текот на летниот период.

 

Борис Секирарски, синоптичар во УХМР вели дека наглите временски промени ќе стануваат се почести. Сепак врнежливото време кои се најавува, ќе трае само за време на викендот, од вторник не очекуваат летни температури и сончеви денови.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.