Посна торта од костен- идеална за посните слави (рецепт)

Костенот е богат со прехрамбени влакна, кои ги намалуваат маснотиите во крвта, а содржи многу малку калории.

 

За зимските денови претставува идеален десерт, посебно ако од него направите ваква торта.

 

Потребни состојки за корa: 

200 гр мелени ореви

 150 гр мед

 250 мл сок од портокал

 200 гр шеќер

 2 ванилни шеќери

 300 гр брашно

 1 лажица какао

 1 прашак за пециво

 100 мл зејтин

 

За фил:

750 гр пире од костен

 50 гр мармалад од кајсии

 200 гр сечкани ореви

 3 лажици рум

 

Глазура:

 200 гр посно чоколадо

 1 лажица зејтин

 

Измешајте ги сите потребни состојки за кората, и испечете ја на 180 степени околу 40 минути во загреана рерна. Кога ќе се олади кората, поделете ја на три дела.

 

За филот: Соединете го пирето од костен, мармаладот, румот и измешајте, падодадете ги сечканите ореви. Редете еден ред кора, еден ред фил, а на крај прелијте со глазурата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.