Одбележан патрониот празник на детската градинка ,,Авионче,, во Општина Петровец

Детска градинка ,,Авионче,,

Детската градинка ,,Авионче,, од Општина Петровец го одбележа својот прв патронен празник. За таа цел од страна на дечиљата и воспитувачките и негувателките од градинката беше организирана приредба во спортската сала во ОУ ,,Кочо Рацин,,.

 

Денеска со свечена приредба во спортската сала во ОУ ,,Кочо Рацин,, беше одбележан патрониот празник на детската градинка ,,Авионче,, од Општина Петровец.
Градинката годинава го одбележува првиот патронат и за таа цел на приредбата беа изведени разни стортски и музички точки, како и рецитирање на песнички од страна на дечињата на оваа градинка.


Градинката ,,Авионче,, е на површина од 350 м2 и со новоизградениот објект во дворот на веќе постоечката градинка во Петровец кој се отвори минатата година во месец јуни, има капацитет за 80 деца.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.