Саниран патот кај селото Градманци во Општина Петровец

Саниран патот кај с. Градманци

Општина Петровец го санираше и го расчисти патот кај селото Градманци кој беше уништен од поројните дождови кои го зафатија скопскиот регион.

 

Во текот на изминатите неколку дена Општина Петровец со соодветна градежна механизација презеде активности за санација на патиштата кои беа уништени и раскопани од поројните дождови кои го зафатија скопскиот регион.


Силните поројни дождови кои го зафатија и подрачјето на Катланово и Градманци раскопаа дел од патот кај селото Градманци.


По преземените активности од страна на општината за санација на патот истиот беше расчистен и прооден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.