Положено цвеќе пред споменикот на Кочо Рацин во Петровец

74 години од смртта на Кочо Рацин

По повод одбележувањето на 74 години од смртта на Кочо Рацин, денеска пред споменикот во истоименото училиште во Петровец беше положено свежо цвеќе.

 

Пред споменикот на Коста Апостолов Солев Рацин во дворот на основното училиште ,,Кочо Рацин,, во Општина Петровец денеска беше положено свежо цвеќе по повод одбележувањето на 74 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература.


Цвеќе пред споменикот на Кочо Рацин положија градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, директорката на училиштето, како и претставници на Здружението на борци од Петровец.


На денешен ден во 1943 година Коста Апостолов Солев Рацин беше убиен на пат кон партизанската база на планината Лопушник, близу Кичево.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.