Традиционален ифтар во Општина Петровец под покровителство на градоначалникот Борче Митевски

Традиционален ифтар

Под покровителство на градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, беше организиран традиоционалниот ифтар по повод муслиманскиот верски празник Рамазан на кој присутни беа околу 300 жители на општината.

 

По повод муслиманскиот верски празник Рамазан, грдоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски организираше ифтар вечера на која беа присутни околу 300 граѓани, жители на општината.


Вечерата се одржа во ОУ Братско Единство во селото Средно Коњари, а градоначалникот Митевски нагласи дека со оваа ифтар вечера се продолжува традицијата започната пред четири години, со која се оддава почит на празникот Рамазан, а и се поттикнува соживот помеѓу населението од христијанска и муслиманска вероисповед. Граѓаните истакнуваат дека со ова Општина Петровец покажува дека е најдобар и најпозитвен пример за мултиетничко и мултикултурно друштво во Македонија и регионот.


Ифтар е прекинување на Рамазанскиот пост по зајдисонце кај лицата од муслиманска вероисповед, поточно тоа претставува вечера за време на Рамазанскиот пост.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.