Се прават нови ископувања за снабдување со вода за селото Дивле

Нови ископувања за вода во с. Дивле

Селото Дивле во Општина Петровец кое се наоѓа на околу 800 метри надморска висина, ќе добие чиста вода за пиење до секоја куќа и викендица. Во тек се нови ископувања за вода, со што би се зголемил капацитетот за полнење на резервоарот кој треба да ги снабдува куќите кои веќе се приклучени на водоводната мрежа, затоа што постојниот бунар може да опслужи само 10-15 куќи.

 

Во селото Дивле во Општина Петровец се прават нови ископувања за да се дојде до вода која ќе го снабдува ова село кое, иако брои околу 40-тина жители сепак за време на викендите селото заживува затоа што голем е бројот на викенд куќи во Дивле.


Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски го посети селото Дивле и местото каде што фирма избрана на тендер вршеше ископувања на место кое што претходно било испитано. Митевски се надева дека на првото ископување ќе се најде вода за да се спречат трошоците за повторно ископување. Селото веќе има еден бунар и резервоар од 55 м3 преку кој се снабдува со вода, но тој не е доволен, затоа што во летниот период овој бунар може да опслужи само 10 - 15 куќи.


Со ископувањњето на вода која ќе го обезбедува цело село со вода ќе им се реши проблемот и на жителите и на оние кои доаѓаат во викендиците. Во целото село има поставено водоводна мрежа и сите се приклучени на мрежата, односно има околу 75 приклучоци.


Жителите и оние кои повремено престојуваат во Дивле во моментов со вода се снабдуваат од природни извори. Едната чешма е на сред село, а другата чешма е над селото. Со новото ископување ќе се реши еден голем проблем во ова населено место кое што се наоѓа на околу 800 метри надморска висина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.