Започна да се гради првиот хотел во зоната Ќојлија во Општина Петровец

Се гради првиот хотел во Петровец

Во Мултифункционалната зона Ќојлија во Општина Петровец започна да се гради првиот од предвидените три хотели. Хотелот се наоѓа во непосредна близина на Аеродромот Александар Велики, а се очекува да биде готов за 2-3 години.

 

Во Мултифункционалната зона Ќојлија во Општина Петровец беа поставени темелите на првиот хотел кој треба да се изгради во оваа зона. Земјиштето со површина од 7.500 м2 на кое се греди хотелот се наоѓа во непосредна близина на аеродромот ,,Александар Велики,, па токму поради тоа и хотелот ќе го носи името ,,Александар Велики,,. Инвеститор на овој хотел е македонец кој над 30 години живее и работи во Австралија и како што рече, целата печалба од Австралија сака да ја инвестира во Македонија. Хотелот ќе има спа центар, отворен базен и сала за венчавки.


Покрај хотелот ,,Александар Велики кој започна да се гради веднаш до него се предвидени да се изградат уште два хотели и тоа инвеститори се турски државјанин и албанската компанија ,,Амадеус Груп,,. Како што истакна градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски, според документацијата вториот хотел треба да започне да се гради кон крајот на оваа година, а третиот хотел во почетокот на наредната година.


Со изградбата на овие хотели ќе се овозможи патниците кои пристигнуваат на аеродромот Александар Велики, а имаат потреба од преноќиште да не одат до центарот на градот за хотелско сметстување, туку да се сместат во хотели во непосредна близина на аеродромот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.