30 нови инвеститори ќе имаат можност да купат парцели во Ќојлија

Мултифункционална зона Ќојлија

Поради големиот интерес од страна на инвеститорите за инвестирање во мултифункционалната зона Ќојлија, општината донесе одлука да се прошири зоната за нови 30 хектари со што ќе се овозможи продажба на 30 нови парцели. Во зоната Ќојлија некои од објектите кои се изградија веќе функционираат, дел се во завршна фаза, а дел во почетна фаза на градба.

 

Продолжува изградбата на објекти во Мултифункционалната зона Ќојлија, во Општина Петровец со што општината може да се пофали дека се смета за една од водечките општини по влез на домашни и странски инвеститори и дека се продадени сите 77 парцели во оваа зона. Како што изјави градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски 10-тина објекти се изградени или се во завршна фаза, а 15-тина се во почетна фаза.


Поради големиот интерес за инвестирање во оваа зона општината реши да ја прошири зоната за нови 20 хектари, со што ќе се овозможи влез за уште 30-тина инвеститори.


Инвестициите кои треба да никнат во мултифункционалната зона Ќојлија дополнително ќе придонесат за општина Петровец и за Република Македонија. Со изградбата на нови индустриски капацитети ќе се придонесе и за намалување на невработеноста. Индустриската зона се прогега на површина од 195 хектари, а со проширувањето ќе биде на површина од 230 хектари. Лоцирана е на влезот на аеродромот ,,Александар Велики,, во непосредна близина на автопатот Е-75 и на железничката пруга. Инвестирањето во оваа зона и нејзината изградба за општина Петровец значи можност за економски развој , отварање на нови индустриски и други капацитети , како и можност за намалување на невработеноста, а од друга страна тоа значи и зголемување на Буџетот на општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.