Жители на о. Петровец во посета на Сребреница

Сребреница

Во Меморијалниот центар во Поточари, покрај Сребреница беше одржана традиционалната 22. комеморација за жртвите кои настрадаа во масакрот во овој град за време на војната во Босна и Херцеговина.


Според проценките во Поточари денеска се собраа меѓу 25 илјади до 30 илјади луѓе од целиот свет, меѓу кои и луѓе од Македонија, од мешан етнички состав.


Автобус, обезбеден од општина Петровец, трета година по ред тргна од Скопје до Сребреница, со цел да овозможи и на бошњаците од оваа општина, достоинствено да се поклонат пред гробивите на загинатите.


Градоначалникот на општината, Борче Митевски, истакна дека Општина Петровец во целост ја поддржува иницијативата на здружението ДИВАН за посета на Сребреница.

 

Адем Бајрам, претставник од демократската партија на турците, нагласи дека на комеморацијата во Сребреницата ќе учествуваат заедно со здружението Авас. Овој срам за човештвото не смее никогаш да се повтори, додаде Бајрам.

 

Во Културниот центар Сребреница вчера беше одржана комеморативна седница за бошњачките и српските жртви.


Марш на мирот за Сребреница се одржа и во Скопје.Маршот започна од пред Мурат пашината џамија во Старата скопска чаршија. За време на маршот беше прочитана овогодишната порака на здружението по повод одбележувањето на геноцидот над Бошњаците.


Бошњаците сметаат дека во Сребреница се случил геноцид, додека властите во Србија и Република Српска сметаат дека во тој град за време на војната се случило воено злосторство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.