Илинденските коњаници на краток престој во Општина Петровец

Илинденски коњаници

Коњаниците од Горно Лисиче кои вчеравечер го почнаа традиционалниот Илинденски марш денеска имаа краток престој во Општина Петровец, каде со појадок беа пречекани од локалната власт. Општина Петровец традиционално го поддржува коњичкиот марш години наназад и ќе продолжи и во иднина да ја негува оваа традиција.

 

Дваесет коњаници од Горно Лисиче синоќа тргнаа на традиционалниот 39-ти Илинденски марш кон Крушево каде што ќе стигнат на Денот на Републиката 2 Август - Илинден. Придружени од фаланга составена од дваесетина членови - играорци од КУД ,,Никола Јонков Вапцаров,,, коњаниците тргнаа вчера попладне од паркот ,,Јане Сандански,, во Аеродром и минувајќи низ главните булевари на општината, стигнаа во Горно Лисиче каде во црквата ,,Свети Петар и Павле,, добија благослов за претстојниот шестдневен пат. Организатор на манифестацијата е Здружението ,,Илинденски марш 1978,, од Горно Лисиче.


Тие денеска го продолжија својот пат и како и секоја година, така и оваа беа пречекани и од градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски и општинската администрација. На коњаниците кои имаа краток престој во општината им беше поделен појадок, а потоа тие го продолжија својот пат кој треба да заврши на 2-ри август во Крушево. Општина Петровец традиционално го поддржува коњичкиот марш години наназад и ќе продолжи и во иднина да ја негува оваа традиција.


Коњаниците кои се на возраст од 18 до 65 години, а меѓу нив има и една девојка, по пристигнувањето во Крушево ќе се приклучат на прославата по повод најголемиот национален празник - Илинден. Драгана вели дека доколку се помине во најдобар ред би можела и следната година да учесвува повторно на Илинденскиот марш.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.