Се поставува канализациона мрежа во Петровец

Општина Петровец

Во тек се градежни активности за поставување на канализациона мрежа во општина Петровец на улиците 3 и 5, а во план е поставување на канализациска мрежа и на улицата 11.

 

Улиците 3 и 5 во општина Петровец, за околу еден месец ќе добијат канализациона мрежа, по што граѓаните ќе имаат можност да се приклучат на истата, и конечно да се збогуваат со септичките јами, инфомираше денеска градоначалникот Борче Митевски. Вкупната должина на канализациона мрежа ќе биде 700 метри, од кои досега се ископани 150 метри. Покрај овие две улици, општината најавува приклучок на канализациона мрежа и на улицата 11 во населеното место Петровец.

 

По завршување на градежните работи за поставување на канализационата мрежа, градежните екипи ќе започнат со асфалтирање на улиците.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.