Нова индустриска зона на потегот помеѓу Ржаничино и Таор

Нова индустриска зона

По големиот успех кој го достигна индустриската зона Чојлија во Петровец, промовирана е нова зона на потегот помеѓу селата Таор и Ржаничино.

 

По големиот интерес на домашни и странски фирми да инвестираат во отварање на нови работни простории, општина Петровец ја промовираше новата индустриска зона на потегот помеѓу Ржаничино и Таор, каде се веќе реализирани соработки со две странски инвестиции од Франција и Данска, и со две домашни компании.

 

Според информациите од општината изградбата на новите фабрики се очекува за два до три месеци.Покрај веќе продадените четири парцели, уште две парцели со површина од 15. 000 м2 се спремни за продажба. Отварањето на новите фабрики во овој дел од Скопје ќе има економски бенефит најмногу за жителите на општините Петровец и Зелениково, односно ќе значи отварање на нови работни места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.