Децата од Огњанци добија нов детски забавен парк

Нов забавен парк во Огњанци

Нов детски забавен парк денеска беше пуштен во употреба во наслеленото место Огњанци во Општина Петровец. Детското игралиште е изградено во дворот на ПОУ училиште Кочо Рацин.

 

Општина Петровец на најмладите жители од општина им обезбеди уште едно катче за забава и рекреација. Станува збор за нов детски забавен парк кој децата од населеното место Огњанци од денеска ќе може да го користат. Детскиот забавен парк кој располага со разни детски реквизити се наоѓа во дворот на Подрачното основно училиште ,,Кочо Рацин,, во Огњанци. Истиот ќе им биде на располагање како на учениците, кои ќе имаат можност да го користат како вон наставна активност, така и на останатите жители на општината. Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски најави дека за околу една недела ќе биде пуштено уште едно детско игралиште во населеното место Ржаничино.


Градоначалникот Митевски нагласи дека грижата за најмладите и обезбедувањето на услови за безгрижно детство се еден од нивните приоритетите и досега имаат изградено детски забавни паркови скоро во сите населени места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.