Се градат соблекувални за потребите на ФК Братство од Средно Коњари

Се градат соблекувални за ФК Братство

За помалку од еден месец ќе бидат готови соблекувалните кои се градат во населеното место Долно Коњари, за потребите на ФК Братство Влазними. Соблекувалните се градат по сите стандарди, и вклучуваат повеќе помошни простории.

 

Со влезот на фудбалскиот клуб Братство Влазними од Долно Коњари во трета лига, се појави потреба и од обезбедување на технички услови за одржување на фудбалски натпревари на домашен терен. Конкретно станува збор за изградба на соблекувални, проект кој што општината неодамна започна да го реализира. Увид во текот на градежните активности денеска изврши градоначалникот Борче Митевски, кој истакна дека соблекувалните се очекува да бидат готови за помалку од еден месец, а во нив се инвестирани 1. 200 000 денари, средства обезбедени од општината.

 

Новите соблекувални, како што информираше градоначалникот ќе бидат изградени по сите стандарди, и ќе содржат повеќе помошни простории, кои ќе ги задоволуваат потребите како на домашните, така и на гостинските фудбалери.

 

Претседателот на фудбалскиот клуб Братство Влазними, Елми Керими рече барањето за нови соблекувални го доставиле до општината уште минатата година, и среќни се што сега веќе проектот е пред самиот праг на реализација.

 

Покрај соблекувални, општината инвестира и во мини спортска сала во Катланово која ќе биде готова за 2 месеца.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.