Општина Петровец реконструира куќа на сиромашно семејство

Обнова на куќа на сиромашно семејство

Семејството Спасовски, кое се наоѓа во тешка материјална состојба, и живее во трошна куќа, во која изостануваат дури и основните потребни за достоинствен живот, денеска доби помош од општина Петров.

 

Со помош на општината, и на фирмата Алекс импекс, трошната куќа, на крајот од селото Огњанци, ќе добие покрив, и зидови од кои нема да протекува. Покрај тоа, општината обезбедила и дрва за огрев, како и хуманитарни пакети. Сепак, тоа не е доволно. Проблемот на семејството Спасовски ќе се реши дури откако Благојчо, татко на седмооделенец, ќе добие лична карта и сите останати документи потребни за добивање на социјална помош.

 

Проблемот на ова двочлено семејство го забележала наставничката, кога во многу наврати нејзиниот ученик мокар одел на училиште, од кровот кој прокиснувал по секој дожд, која потоа ги поттикнала општинските власти, да преземат се што е во нивна моќ. Благојчо Спасовски вели дека нема ништо, а најпотребна во моментов е храна, која ја добиваат од соседите, доколку ги викнат на ручек или вечера.

 

Општина Петровец ги повикува сите хумани граѓани, доколку се во можност да донираат за семејството Спасовски, а донациите да ги однесат во општинската зграда, од каде ќе бидат дистрибуирани до семејството Спасовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.